Мразам лага и зборови кои делото не го следат, мразам кога ми ласкаат, а лажат, мразам кога вистината не ја зборуваат. Таквите ги оставам да мислат дека им верувам, ги оставам, оставам и оставам... да мислат дека ме освоиле, а всушност не. Не се ни свесни за својата несвесност, ги оставам да видам до каде ќе одат, имаат ли граници, а кога ќе ги преминат границите во лице им кажувам: лажеш безобзирно, а чуствувам кога ме лажат, едноставно, знам. Се правам дека ништо не забележувам, а се забележувам.
А.... Ги сакам искрените, искрените до болка, искрено па нека ме боли, од болка и да умрам, не ме штеди. Ќе те сакам поради твојата искреност. Ќе те мразам поради лагите. Не давам веќе да ме газат, не давам. Не давам будалата да мисли дека сум будала и не давам будалата - будала да ме прави. На кого му се допаѓа каков сум, но сугурно веќе ист не сум, луѓето ме променија од човек ѕвер направија!
Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.