Дневник пользователя zulkarnejn

zulkarnejn
39, Poli, Италия

Почитувани читатели, разделувајќи се од старатагодина а во пресрет на новата година, паметните и обдарени со разум застануваат и размислуваат околу минливоста на се што е создадено. Размислуваат за Сонцето кое секојдневно излегува во утринските часови и кое со своите зраци го осветлува овој свет а пред крајот на денот заоѓа и се гаси. Размислуваат и за Месечината која што се раѓа малечка незначителна па расте се додека не стане полна, а кога ќе се наполни полека почнува да се смалува се додека во целост не се изгуби од вид. Размислуваат и за новата година која што откако ќе настапи,…


Некој човек паднал во длабок бунар. За среќа, едно растение било израснато во зидот на тој бунар, па, човекот додека паѓал, со рацете некако успеал да се зафати за тоа растение. После почетниот шок, почнал да разгледува доле и горе. Она што го видел било доволно за да го заплаши: огромна змија го чекала на дното од бунарот. Во очај, одлучил да остане каде што бил, и да не се помрднува. Но, тогаш, на свој ужас, здогледал два глушеца – едниот црн, другиот бел – како го гризат коренот од растението за кое се држел. Ја изгубил целата надеж. Тогаш…


Шпански, Турски, потоа Индиски и какви уште не серии кои со задоволство ги чекате уште од почетокот на денот, можат да ви ја уништат врската, а многу млади брачни парови биле доведени во ситуација пред развод. Зошто?

Сите знаеме дека љубовта и романсата во филмовите е далеку поразлична од онаа во реалноста. Според експрертите, женскиот пол кој постојано ги следи сериите кои претежно вртат слична тематика, во потсвеста ја искривуваат вистината за љубовта и романсата. Тие доаѓаат до заклучок дека не се среќни во љубовта и дека нивниот партнер многу малку вложува во нивната љубов и поради тоа често доаѓа до…


Мразам лага и зборови кои делото не го следат, мразам кога ми ласкаат, а лажат, мразам кога вистината не ја зборуваат. Таквите ги оставам да мислат дека им верувам, ги оставам, оставам и оставам... да мислат дека ме освоиле, а всушност не. Не се ни свесни за својата несвесност, ги оставам да видам до каде ќе одат, имаат ли граници, а кога ќе ги преминат границите во лице им кажувам: лажеш безобзирно, а чуствувам кога ме лажат, едноставно, знам. Се правам дека ништо не забележувам, а се забележувам.
А.... Ги сакам искрените, искрените до болка, искрено па нека ме боли,…


Познавањето на самиот себе е почеток на сите мудрости. Една од тајните на животот е да бидете искрено тоа што сте. Како другите сакаат да ве видат, и какви би можеле да станете еден ден... тоа се фантазии. За да бидете искрено тоа што сте, треба да се откажете од своите илузии и храбро да се соочите со сегашноста. Затоа како се сметаш ти?


Да земеме пример на 17-годишна девојка. Таа сега ужива вo внимание на момчињата и се труди да биде кул, привлечна, згодна, и како тие тоа го велат „хот“, и што повеќе забележана. Некоја нејзина врсничка на Фејсбук има многу повеќе пријатели од неа, лајкови и коментари на фотографиите, и таа сега треба неа да ја стигне или престигне во тоа, па се разголува, се облекува привлечно, и чека на коментари кои и ласкаат… Пред неколку дена на Фејсбук се појави страница на која се објавуваа фотографии од повеќето малолетнички кои се наречени неморални и уште многу други навредливи прекари,…


19.12.2013

Господару наш!! Тебе ти се предаваме, во Тебе веруваме, само на Тебе се приклонуваме, Тебе ти се каеме, од Тебе помош бараме! Прости ни ги поранешните и сегашните, знајните и незнајните гревови.
Господару наш, нашата болка заменија со утеха, тагата со радост, а стравот со сигурност. Господару наш на уморните и тажни очи подари им мирен сон, на немирните души спокој и израдувај ги што побргу со победа. Господару, нека Твојота посебна светлина ги просветли потемнетите лица, нека залутаните го најдат Твојот пат, а изгубените Твоето упатство.


Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут