Таа и Тој!!!
32, Македония

Прекрасна летна вечер... Едно осамено срце копнее за неговата далечна
половинка...Но се прашува сепак дали има таква своја половинка ? Или
стравува за нешто што можеби го има, можеби го нема, а сепак се плаши
да не го изгуби... Љубов... Од се што постои на светот најмногу верува
во љубовта...Таа е како кислород... Се што и е потребно е барем малку
љубов...Ах таа љубов... Наеднаш погледот го свртува кон небото...
Прекрасно ѕвездено небо... А најсветлата ѕвезда ја посветува на НЕГО...
Оној кој успеа да навлезе во одаите на нејзиното срце... Оној кој барем
за миг успева да и ја украде насмевката... Оној кој за миг успева да ја
натера да не мисли на се друго освен на него... Себично, зар не ? Но се
што неа и се врти во главата во овој миг е едно прашање... Дали и ТОЈ
ја сака тооооолку многу колку што зборува на другите ? Постојано некој
и зборува дека само ТОЈ е за неа... Постојано слуша од другите дека ТОЈ
ја сака најмногу на цел свет, но никогаш не го слушнала тоа од него...
И се што останало во неа е само НАДЕЖТА... Неа ја чува до крај... Но
што понатаму ? Како ќе биде понатаму после овие срушени сонови ? Ќе
биде црно, а бело... Ќе биде исто, а различно... Љубов : мислиме за
неа, пееме за неа, сонуваме за неа и ги губиме соништата грижејќи се за
неа... Кога не знаеме дека ја имаме, ја бараме ... Кога ќе ја откриеме,
не знаеме што да правиме со неа ... Кога ја имаме, се плашиме да не ја
изгубиме... Таа е изобилство од болка и задоволство... Не знаеме што не
очекува од еден миг до друг...Тоа е краток збор што лесно се изговара,
тешко се дефинира и без неа е невозможно да се живее... ТАА сака да
почувствува нешто – СИЛНО... УБАВО... Сака да почувсвтува – ЉУБОВ...
Можеби ја има, можеби не, којзнае... Посакува милиони желби
истовремено. Сите различни, а сепак исти, со едно име... Зошто се мора
да биде толку сурово и забрането, а сепак најубаво и најслатко ? Зошто
не можеме да бидеме до тие што ги сакаме ? Зошто не можеме да најдеме
храброст и да изговориме само два збора... Два збора, најслатки,
најубави, но и најтешки... ТЕ САКАМ!!! Зошто? И кога еднаш ќе се
почувствува среќна тогаш се појавува некој друг кој ќе и ја украде таа
среќа барем за секунда... Секунда која како да трае цела вечност...
Секунда која е најболна за оние што сакаат вистински... Некој би рекол
дека НЕЈЗИНИТЕ години се малку за да може да сака тоооолку многу... Но,
не ... Би згрешил... Љубовта не прашува за години, време и место...
Така и ТАА... Се заљуби во можеби погрешната, можеби во вистинската
личност... И сега е заробена... На моменти се смее на цел глас и си
помислува кооолку е убав животот... Но кога ТОЈ ќе ја повреди,
нејзиниот свет е срушен... Времето минува... А ТАА се плаши... Што ако
утре не дојде ? Што тогаш ? Дали ТОЈ ќе знае дека има некој кој го сака
со сето свое срце ? Што ако не знае ? Што би било ако си помисли дека е
осамен во овој суров свет, а сепак по него копнее неговата поубава
половина чекајќи ТОЈ да го направи првиот потег... ТАА е срамежлива, а
ТОЈ... ТОЈ се прави фраер... А сепак во неговото срце љубовта за НЕА
расте, но не го покажува тоа... ТАА знае дека денес го сака помалку од
утре... Можеби и ТОЈ... А можеби и не... Само ТОЈ го знае тоа, но не го
искажува... Да сакаш некого, а да го криеш тоа ? Не... Во тој момент во
неа љубовта преминува во ОМРАЗА... Наеднаш ТАА го мрази начинот на
којшто ТОЈ ја гледа... Го мрази начинот на којшто ТОЈ може да ги
прочита нејзините мисли и фактот дека секогаш е во право... Го мрази
кога ја лаже... Го мрази кога ќе ја натера да се насмее, а уште повеќе
кога ќе ја натера да се расплаче... Но најмногу од се ТАА ГО МРАЗИ
ЗАТОА ШТО ЈА НАТЕРА ДА ГО САКА... Да најдеш дечко кој наместо ЗГОДНА,
ќе ти каже дека си УБАВА... Кој ќе ТЕ БАРА откако ЌЕ ЗАМИНЕШ... Кој ќе
биде со тебе ПОД ЅВЕЗДИТЕ СЛУШАЈЌИ ГО РИТАМОТ НА ТВОЕТО СРЦЕ или ЌЕ
ОСТАНЕ БУДЕН ЗА ДА ТЕ ГЛЕДА КАКО СПИЕШ...Да најдеш некој кој ЌЕ ТЕ
БАКНУВА НЕЖНО и НЕМА ДА ТЕ ЈА ИСПУШТИ ТВОЈАТА РАКА ПРЕД НЕГОВИТЕ
ПРИЈАТЕЛИ... Некој кој постојано ќе те потсетува КОЛКУ СЕ ГРИЖИ ЗА ТЕБЕ
и КОЛКУ Е СРЕЌЕН ШТО ТЕ ИМА... Во овој момент ТАА се прашуваше дали
навистина постои таков ? Дали машките знаат да сакаат ? Можеби... Се
надеваше... НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА... Не знаеше дека наредниот ден може
да и донесе разочарување... Можеби малку беа нејзините седумнаесет
години за да чувствува тоооолку голема љубов... Би згрешил оној кој би
рекол дека вистинската љубов не постои... Таа постои !! Само треба да
ја најдеме... Вистинската љубов е во вистинските луѓе... Никој не е
осамен... Само е прашање на време кога таа љубов ќе дојде... А ќе дојде
!! Ќе дојде тогаш кога не ја очекуваш... Еден ден... Некогаш и негде...


38 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут