Радоста која некогаш ја имав,а сега ја немам...
32, Македония

Седам замислена над оваа тетратка,која од моите солзи кои капат без престан,почнала да се гужва...но,продолжувам да пишувам,раката не престанува да ги  испишува зборовите,кои ги кажуваат срцето за неа...ја држам нејзината слика во рака и почнувам гласно да размислувам...О,Боже зарем требаше тоа да се случи?Зарем мораше таа боженствена насмевка на нејзиното лице да згасне толку рано?!
Детската смеа и мојата весела игра како мала,таа ги следеше без престан,не се уморуваше од ништо...бев дете кое не знаеше за тага,а сега сум девојка која незнае за ништо друго,освен да гледа песимистички и црно се околу себе...
Немам кому да кажам како се чувствувам,бидејќи сите велат така требало да биде...но тие зборови,мене не ми вредат ништо,не ми создаваат друго мислење,само моево срце знае како се чувствувам и колку сум скршена...Се прашувам,дали сум погрешила нешто,та морал Господ да ми врати на ваков начин,да ми го одземе НАЈСВЕТОТО нешто за мене?

Беше жена,која ги гледаше и учеше своите деца на позитивни работи,жена која сакаше да  ми го претстави светот,во кој не е се така розево како што го замислував...но,тоа дури сега го сфатив,го сфатив откако таа исчезна и замина во подобар свет од овој...неможам повеќе вака,и неможам да се измачувам себе си,а и другите околу мене што ме сакаат и почитуваат....само сакам да не постои следен ден за мене,така би била посреќна и би била таму каде што е она ...:'(:'(

13 просмотров
 
Комментарии
malecko27 30.06.2009

mmmmmmmmmm zalam kako i da e za sto i da se raboti moite socuvstva MACOOOOO

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут