Денот на глумата
55, Македония

Се мислам нешто, дал да плачам или да се смеам.

Ден како овој денес, малку е да кажам колку е интересен, НЕВЕРОЈАТЕН Е !

Нема да дробам многу, зашто доаѓаат полека но сигурно моменти кога она што го дробиш треба и да го сркаш, а мене системот за варење ми е алергичен на глупоќа и лицемерие од секаков вид.

Пар пораки денес до оние кои ги познавам и не ги познавам:

- До комшијата од трети - ако мислиш дека со тој букет од пар каранфили денес ќе ја избришеш тагата од очите на твојата жена, слободно обеси се на тераса за да може да те видат сите.
Еве јас ќе ти ја подарам најубавата и најскапата марама од мојот плакар без дилема.
Тоа за да се обесиш со стил!

- До газдата во маркетот преку улица - ниту цела фабрика на Прада на овој ден нема да ја замени осаменоста на една ментална амнезија во која западнала таа со тебе. Не вреди брате, слеп е само оној кој не сака да гледа.

- До овој случаен минувач кој брза баш денес како да го брка чопор изгладнети волци - душо јадна, не можеш оваа 8 мартовска сабота да и ја ублажиш болката на душата која секојдневно ја сакатиш кога преку носот го вдишува туѓиот парфем на твојата распаност.


Лицемерие ... WOOOOOW - еве го повторно нагонот за повраќање.
Денес е посебно изразен.

Отворам ФБ, пијуцкам кафенце ... читам и си мислам, да не ми се замаглиле наочарите или да не ми треба поголем диоптер????

Фрчат виртуелни честитки од сите страни, виртуелни цвеќиња од секаков вид, па понуди од типот на романтични вечери, егзотични и помалку егзотични патувања, викенд ваму викнд таму ...

Абе „ џентлмени„ денеска никнувате како печурки после дожд или така ми се чини???

Се прашувам каде се овие луѓе останатите 364 дена ?

Отварам фотографија, гледам кој ја објавил што е многу битен елемент. Да искоментираш на фотографија на жаба „ колку си убава принцезо, денес си права мисица „ врв на лицемерие !

Знам дека за вкусовите не се расправа, но знам и друго, на овој под итно му треба или психијатриска помош, или вагинална рехабилитација, зашто видот знам дека добро го служи !

Епа нека ви е среќен празникот на глумата Драги Мои од женскиот пол и останатите кои така се чувствуваат.

Останете така „весели„ и „насмеани„ облечени по најнова мода, запоседнати по кафани, распрчкани по Прага, Рим, Солун и така потака ... пиххххх еден ден, еден викенд нека биде, што е тоа? Ќе ви летне како минута!

Ама битниот момент е бек ту риалити / понеделник. Што правите со остатокот од 360 и кусур денови ?

Или од друг агол ... што мислите, што прават вашите машки половини додека вие денес глумите воодушевување ? :D

Сигурно ви чистат по дома и приготвуваат ручек :D


П.С. Ликовите не се измислени, ги има со лопата да ги риниш.

П.П.С. Едно големо БЛАГОДАРАМ до овие драгоцени околу мене кои знаат што значи ЖЕНА !

Ве сакам најмногу на свет!!!!



128 просмотров
 
Комментарии
borko412 08.03.2014

8ми Март светски ден на глумата...и.т.н.
*LOL* *OK* *HI*

LadyM68 LadyM68 08.03.2014

Оскар *LOL* *DRINK*

mak2008 08.03.2014

Епа нека ви е среќен празникот на глумата Драги Мои од женскиот пол и останатите кои така се чувствуваат.

ха ха ха ха ха ха ха ха ха ха ха ха х ах аха ха ха ха ха ха ха ха ха ха ха ха ха х аха ха ха ха х аха ха ха ха хаха

пукнав од смеење, алал да ти е, пак ми подари ронче....

LadyM68 LadyM68 08.03.2014

Таков е денот, без полова дискриминација ќе ве молам!!!

:D

pezzo 08.03.2014

PREKRASNO dali imam dozvola za SHARE???
SEKAKO so naznaka prezemeno od GODIVA
kako i da e 100 % TOCNO *KISSING*

LadyM68 LadyM68 08.03.2014

хахахах тенкју претенкју ;-)

Може *DRINK*

misterno25 08.03.2014

Soglasen so tebe praznik na licemerieto i hipokritstvoto.
Sto so drugite 364 dena?
E toa neka mu go mislat ozenettite
Sto se mene tice Free as bird

LadyM68 LadyM68 09.03.2014

:-) *DRINK*

DjoleMk 08.03.2014

со пар каранфили се знае кај се оди. (до комшијата)
градов вчера наликуваше на ден пред потопот

LadyM68 LadyM68 09.03.2014

А вечерта како масовна венчавка хахах

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут