Искажи ја љубовта
34, Milano, Италия

Некако ми се чини дека светот во последно време се изопачил. Всушност се прашувам: Зошто е толку тешко да се искажат чувствата кон некого? Да се покаже и изрази љубов. Ако ја чувствуваме всушност, зошто ја премолчуваме? Зошто мора да правиме работи против наша волја и што е можно поумешно да го скриеме она што го чувствуваме? Се плашиме да не бидеме отфрлени, повредени, ставени во прилично ранлива позиција за нас? Или можеби ќе станеме предмет на потсмев, ќе не сметаат за будали? Па што е толку чудно или демоде искрено да ги признаеш чувствата кон некого? Не е ли тоа природниот пат на љубовта?

Од што се штитиме со егоизмот, што ќе постигнеме?Природната потреба на човекот е нежноста, љубовта и безрезервно давање на истата.

Не може да бараш и да се надеваш на љубов, да сакаш да ја добиваш, а во исто време да не ја враќаш со иста мера и да се воздржуваш. Токму тука е потребен реципроцитет. Не се станува ранлив ако се сака. Тоа е нашата сила, а не слабост. А токму таа сила ни дава смисла за живот. Поттик за животниот ритам.

Да, јас сакам, ја чувствувам и ја изразувам, ја дарувам љубовта. Давам дел од себе и се чувствувам задоволно и исполнето. Човекот по природа е произлезен од љубов. Смислата на нашето постоење е љубовта. Ние сме нејзиниот извор. Ако не извира од нас таа е изгубена. Јас не сакам мојата да е изгубена. А ти?

58 просмотров
 
Комментарии
Danna 14.09.2012

se zaprasuvame filip...Па што е толку чудно или демоде искрено да ги признаеш чувствата кон некого? Не е ли тоа природниот пат на љубовта? mislam :(

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут