dali gi znaevte 7 najneobicni mesta za seks
36, Македония

1. На балкон

Ако имате балкон кој е барем малку затскриен, тоа може да биде добар
почеток за нови сексуални искуства. Адреналинот ќе ја зголеми
возбудата, а доживувањето ќе биде спектакуларно. Можете да го направите
преку ден, или ноќе, изборот е ваш. Ако немате балкон, секогаш можете
да отидете до хотел кој што има. Тие кои го пробале, велат дека е
незаборавно искуство.

2. Во автомобилот

Сега веројатно мислите: ма каков автомобил, не сме деца, а и просторот
е премногу тесен и неудобен. Но, пробајте да се сетите на чувството
кога сте биле тинејџери. И кога сте се галеле во автомобилот се додека
не сте морале да заминете дома... Пружете си секс во автомобилот, и
вратете ја младоста. Само, внимавајте каде ќе се паркирате.

3. На излет во природа

Има ли подобар начин од враќање на природата, од секс во природа?
Излетот може да биде навистина егзотичен, дури и ако станува збор за
езеро на кое веќе сте биле неколку пати. Само овој пат нека биде
различно. Опуштете се и уживајте, но сместете се на место на кое нема
да бидете на видик. Свежиот воздух и мирисот на природата ќе си го
направат своето.

4. На поле

Тоа ќе биде полесно ако живеете во рурална средина. Но дури и ако
живеете во град можете да пронајдете некакво поле во близина. Сексот на
големо, отворено поле може да биде доста возбудливо искуство. Пред да
се препуштите на страста, проверете само да нема отровни растенија или
љубопитни животни. Оваа локација сосем сигурно ќе ги разбуди заспаните
страсти.

5. Во кујната

Кујната нуди безброј можности за добар секс. Кујнски елементи, столици,
маса, под, фрижидер... искористете ја близината на оваа возбудлива
просторија и приуштете си незаборавен секс кој ќе ја оживее вашата
помалку монотона врска. Можете да додедете и мал бонус на
возбудувањето: искористете ги намирниците од фрижидерот...

6. Во базен

Базенот е сјајно место за незаборавен секс. Водата чисти се, а
предизвикува возбудување. Освен тоа, базенот е многу благодарен
простор, бидејќи тоа можете да го наравите во вода, на работ од
базенот, покрај базенот, на излезните скали...можности има безброј, а
вие одберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа.

7. Во канцеларија.

Ако имате своја канцеларија на работа – по можност со брава за
заклучување, искористете го тоа. Тоа е забрането место за секс, а сите
знаеме дека забранетото овошје е најслатко. Изненадете ја својата драга
или драг со ручек во канцеларијата и десерт кој долго ќе го памти.

22 просмотров
 
Комментарии
VOCKO 31.08.2009

Na balkon prekrasno,vo priroda VRV........

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут