Кој го тоа направи?
42, Македония

Кој го тоа направи? 

Ѕвездите беа растурени по небото како сусам после доручек. Далеку на хоризонтот беснееше невреме и по кој знае колку дена ветрот конечно донесе малку свежина. Прерија е чудна работа другарче. Нешто како наше Овче Поле само поголемо. И не е поле. Пријатно расположен вртев некое армадило или што знам што на ражен а коњот потпевнуваше некоја прикладна мелодија.

 

Од кај па сеа ја у прерија? Пред едно век и нешто тргнав за таа пуста Америка. Не оти дома лошо ми одеше или нешто слично. Се беше токму, само што сон не ме фаќаше. Како сува слива се сторив од неспиење. Кај се чаре не побарав ама џабе. Ништо не помогна. Е, еден ден скроз несакајќи сретнав едни гурбетџии на панаѓур. Како на прошетани луѓе им ја кажуам маката моја, да не знаат некој иљач случајно. Само Америка за тебе пријателе. Еден сон што се сонуе таму, бреее! Ај си викам, се пробав па и тоа ќе пробам. Си ги собрав пљачките и некој алтан на страна за зловреме што си имав остаено и се кренав за Америка. По пат јазикот го научив и обичаите нивни и спремен стасав у земјата толку фалена.

 

Коа стасав, влегов у првата стоковна да си купам од тие каубојските спреми. Купив што купив, па решив да го пробам коњот. Го јавнав, убацив у прва и тргнавме. Ама на семафорите ја го вртам лево а он запнал право. Дури му ги научив командите, он више у сред пустелија ме однесе. И шо сеа кога не го знам патот за назад? Ништо. Терај право и белки ќе сретнеме некого. Тропки. Шест дена ни чоек ни добиче не видов. Се до вечерта која ја спомнав нешто погоре.

 

Ко што реков, си спремам ја вечера, коа од позади мене слушам нешто:

 

- Аауууууу, скара!

 

Се вртам и глеам којот!

 

- Може малку од тоа што готвите?

 

Му го сецнав тртникот и му го дадов на животинчето. Си го м`сна слатко па вика:

 

- Ауууу, една цигара сеа што би ми легнала....

 

Свиткавме по еден "качак" и се опуштивме покрај огинот.

 

- Да не знаеш некое село или град у близина?

 

- Како не, - ми вика – само оди во правец на невремето и за едно три саата ќе стасаш.

 

Си поќутевме по каубојски, му гледав на кафе и го испратив накај дувлото. Го навалив огинот со суви лепешки и си легнав боже да поспијам. Ама џабе, пак сон не доаѓа. Или е жешко, или е ладно, или некој камен те глоѓа... Налет! Уште пред с`мнуење го оседлав дорчо и тргнав луѓе да барам.

 

Во градчето стасав рано наутро. Му дадов на коњот сребрен долар, може ќе сака да почасти некоја згодна кобила канта зоб или нешто и го пуштив да си брка работа. Јас тргнав пешки да го разгледам градот. А што да видам у ствари? Куп дрвени зданија брже – боље склепани и кал до колена од синоќешниот дожд. И дури се ашкав така глеам една мома, со паларија и чадорче за сонце да не ја приџвркне, се туфка како преку калиштана да помине. Да задигне сукњица па да пукне брука или да се умаца како маторица? Пошто каваљерштина кај мене не свети на резерва, притрчав и и го послав палтото пред нозе. Што да се праи бербат лично моме, после на рака ќе треба да пере.

 

Ми подари насмевка и почна да цупка по палтото ми. Ама палтото кусо а другиот крај од улицата уште далеку. Соблеков и елечето и кошулата и така натаму. Дур прејде улица малава само по розеви шпикозни останав. Е, ама затоа сум добил неизмерна благодарност и покана за чај. У пет кај неа.

 

Тргнав да барам некое место кај што ќе може да се средам и да утепам малце време. Иза ќошка глеам салун. Нормално, пијан мексиканец спие пред врата. Влагам у натре и у очи ми паѓа натпис „Не служиме индијанци“. Штета, баш сакав да нарачам еден. Му приоѓам на шанкерот и му викам:

 

- Може ли алиштава да бидат испрани до четири часот?

 

- Секако!

 

- А може ли негде да се избањам?

 

- Втората врата лево на спратот.

 

- Фала.

 

Само што се свртев а он ми вика:

 

- Извинете вака, ама вие одамна не сте се бањале?

 

- Да?

 

- Би ве замолил да не ја фрлате првата вода, ја користам како малтер.

 

Ете зошто некои луѓе имаат а други не.

 

Само што се закиснав у тоа бурето млака вода, кога, улетуе у просторија едно чудо од човек. Брадосан, од глава до пети у црна кожа дујдисан, а живац му вибрира на високо „С“. Ми врза една здрава шамарчина и почна да ми урла у лице, повремено плукајќи ми у када некоја црна лигавешина:

 

- Ју сан оф а крипл бич (пљуц), слушам си се врткал околу девојка ми (пљуц) ! Те чекам точно на пладне да напраам пример од тебе!

 

Ми врза уште една да ми ѕвонат ушите стерео и ме остаи збунет начисто. Ај беља работа, шо да праам сеа? Излегов од водата пред да се стегне и си го облеков резервното одело. Бело не е моја боја ама секаде го носам да не се оженам случајно. Опашав пиштолот и право кај шанкерот да се распрашам кој е чоеков и што му имам згрешено. Му кажувам што ми се случи а он почна на живот да ме жали:

 

- Ах море машко, кај најде со тој катиљ да си ја фатиш бељата? Толку е опасен што и пувежот на барут му мириса. Готов си ти пријателе, туку напи се една од мене, за крај.

 

- А да му се извинам, а? Од кај знам ја дека му е девојка мајку му, што мора одма за пиштоли да се фаќаме?

 

- Џабе ќе арчиш муабет. Типката е учителка, разбираш?

 

- Кај се споија просветен работник и таа бараба?

 

- Она го учеше да чита ама тоа нема везе. Овде жените или се курви или се учителки. Вториве се резервирани строго за фраери и никој не ги дира освен ако нема желба со живот да се раздели. Е сеа ти не си знаел, ама тоа ти е. Него дај ја да ти наплатам, еве го две минути до пладне, да не биде после касно.

 

Му платив на човекот, надигнав на екс едно вруќо виски и испаднав на улица да се сретнам со судбината. А таму цел град излегол. Се наредиле под сенките на тремовите и стрпливо сеир очекуваат. Ништо не отвара апетит како добар двобој пред ручек. Негативецот стои расчекорен на сред улица и нестрпливо си го чека пленот. Со секој мој чекор напнатоста расте како квасец. Ја здогледав и учителката како од нервоза го џвака чадорот. Еба му мајката, тука дојдов само за да отспијам малку а овие запнале за навек да ме успијат. У ствари, ако се повлечкам уште малку може гадов сунчаница ќе го утепа. Јеби га, немав таква среќа.

 

Само што стасав на пристојна оддалеченост типот повлече. Без никаков увод, мудра мисла и слични глупости. Прагматичар за пример. А ја, како и у секој битен момент од животот се ушепртљав. Едвај некако го докачив оружјето и замижав. Слушнав два истрела и толку, после тоа штама. Нема хор од ангели, тунел, тип со кантар шо ќе мери лошо и арно, ништо. Ококорив едно око и шо ќе видам: Истата улица, противникот оптегнат у хоризонтала а народ зјае у неверица. Не ми беше јасно ни мене, пошто не стасав да пукнам. Али зачував присебност и сфатив дека сум у небрано. Или ќе бидам хироу оф д деј и будуќи шериф или ќе ме стаса америчка правда, т.е. бесење. Пошто немав намера да видам на која нога станале денес, го засвирев „Пајдушко“ и коњот веднаш дотрча до мене. Го јавнав и фатив штикла накај наша Македонија. И кога, зад првиот ќош се разјаснија работите. Џон Вејн тепа едно црнче со шеширот и му вика:

 

- Ти реков дека не е тој Либерти Валенс!  

32 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут