Само да е моја
36, Македония

Конечно сватив како е кога љубената е во туѓи прегратки. Девојчето кое го сакам друг ја милува. Зарем толку сум му згрешил на Господ што вака ме казнува?! Кога прв пат ја видов знаев дека сме создадени еден за друг. Секој ден се повеќе и повеќе мислам на неа. Дали тоа значи дека се повеќе и повеќе се уништувам себеси знаејќи дека неможам да ја имам? Ја гледам со друг како кисел дожд да истура над мене како 1000 самураи да ме бодат со сабји. Мојата душа е распарана, срцето загорчено повеќе нема смисла да љуби кога знае дека повторно ќе биде изиграно. И ете деновите поминуваат, а јас сеуште ја сакам. Ја љубам и сета моја душа и ја предавам неа. Господарката на моето срце кое знае како да го растажи. Се надевам дека некогаш таа љубов ќе ми биде возвратена, но за сега сум само нејзин роб кој би дал се само да е моја!

22 просмотров
 
Комментарии
cece82 29.09.2011

:-)

Predrag Predrag 02.10.2011

;-)

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут