11 октомври
36, Македония

Ние Македонците ширум светот денеска со гордост и длабока почит го одбележуваме 11-ти Октомври, денот на македонското народно востание против фашистичките окупатори врз Македонија.


Пред точно 68 години на денешен ден, храбриот македонски народ, наоѓајќи се, по кој знае кој пат, под туѓа инвазија и окупација, се крена на организиран општо народен отпор и востание против германските и италијанските фашистички окупатори и нивините квистлиншки режими во соседните земји.

После 4-годишна крвава епска борба, успеа, врз еден дел на својата историска територија, на слободен и демократски начин, да ги возобнови темелите на суверената македонска држава преку АСНОМ и да ги оствари соништата на македонскиот народ уште од времето на Илинденското востание, ВМРО и безброј предходни востанија и стремежи за слобода.

Македонскиот народ, македонската нација и македонската држава, пред точно 68 години на денешен ден, се запишаа во светлата книга на народите на светот кои што го отфрлија фашизмот, нацизмот и тоталитаризмот како форми на владеење. Со повеќе од 26.000 жртви, паднати на олтарот на слободата на Македонија, станавме симбол на малите народи во борбата против моќните окупаторски сили. Ние Македонците, ширум сите меридијани на светот, денес со пиетет се поклонуваме пред паднатите борци за слободата на Македонија и гледаме на овој датум и на овој настан како метафора на македонскиот бесмртен отпор и непокор. Останува нашата решеност по секоја цена да ги чуваме и браниме од сите надворешни и внатрешни непријатели и предавници големите традиции и вредности на нашите македонски предци од памтивек, па до ден денес, и за век и веков.

Денеска, повикувајќи се на борбениот дух на 11-ти Октомври 1941-та година, им одаваме најдлабока почит на паднатите борци во Народно Ослободителната Борба и им се колнеме дека за секогаш ќе останеме верни на нивните заложби, дека Македонија и македонскиот народ знае да ја чува и брани својата слобода, демократија, сувереност и независност.

Да истраеме и да победиме, да помниме и да не забораваме дека Македонија е нашата единствена заедничка татковина која што мораме да ја браниме и чуваме.

Благодарност на Партизаните за тоа што ние денес живееме во слободна Македонија, чест на сите храбро загинати борци-

Слава им!

 Порано овој празник стварно многу се славеше и поштуваше.На овој ден не само што не беше работен туку и имаше емисии филмови по овој повод исто имаше и празнување во градовите со неколку зборови се осеќаше атмосверата дека е голем празник кој им значи многу на македонскиот народ .А денс што нема ништо од тоа дури некои немаат појма зошто се празнува 11 ОКТОМВРИ па тоа е срамота да не се знае за што се празнува овој голем празник кој ни значи многу за нас македонците 

 

12 просмотров
 
Комментарии
VOCKO 11.10.2009

Popoleka izumira sekavanjeto na ovoj golem praznik,no sekako ima golem broj na luge koj sekogas ke se sekavaat i ke im odavaat pocit na mnogute zaginati.......
GOLEMA pocit za hrabrite koj se stavija na stranata protiv nacistite......
Za zal golem del od nekoj bea na fasistickata strana,mislejki deka preku niv ke se zdobijat so mnogu poveke-"gi znaeme i ne im prostuvame" (6)

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут