Не сакам да ми си се
36, Македония

 Ти избркав од моето срце. Мрш! Замини! Не сакам повеќе да те видам. Не сакам повеќе да те сакам. Не сакам да ми си се. Не сакам да ми спиеш во срцево. По цели денови и цели ноќи. Не сакам повеќе! Се изнаврескав колку што ме држи глас. Но, те избркав. А во истиот миг прснав во плач. Неможев повеќе да се запрам. Ја фрлив насмевката, маските паднаа на подот.... остана само лице уплакано, и очи нажалени, а срце скршено. Но добро изглумив. Денес му реков дека повеќе не го сакам. А лажев. Очајно лажев.

42 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут