18.10.2009
Jas i Ti
31, Македония

Јас и ти бевме двајца странци
се до оној ден,
за мене најчуден.

Ги гледав ѕвездите и ги молев
да ми ја пратат љубовта
без која јас не можев да живеам,
љубовта на мојот живот.

Таа ноќ те запознав тебе,
а ти беше создадена за мене.
Влезе длабоко во срцето мое,
а верувам и јас во твоето.

Убав беше твојот глас
кога прв пат го чув она „ме слушаш?“
Верував дека има надеж за нас
затоа што тогаш веднаш ме освои срцето твое.

Бевме другари неполн месец,
а потоа со една порака твоја
ти нежно влезе во душата моја
и тогаш ја почувствував топлината на љубовта
која до тогаш беше само збор за мене.

Бев најсреќен оној ден
кога прв пат ми ги кажа
оние два прекрасни зборови,
до тогаш непознати за мене, а значат се.
Те сакам ми рече.

Се сакавме јас и ти,
немаше час да не помислам на тебе,
а чувствував дека и ти ме сакаш,
најмногу од сите, вистински и искрено
како што може да ме сака само твоето срце
и ниедно друго.

Верував во нашата љубов
се до оној миг
кога ми се врати ангелот
со ѓаволска душа.

Тогаш тој сруши се
што изградивме ние,
а мене ме заведе
и ме збуни.

Еве сега се каам
и не би сакал
повторно да се случи сето она
што беше по нашата врска.

15 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут