Жените се незадоволени, а мажите себични во сексот
44, Македония

 Сексот помеѓу партнерите во долга врска вклучува многу рутина. При тоа на жените најмногу им пречат прегласните издишувања и водење љубов во чорапи, додека мажите наоѓаат забелешка на памучните пижами и женската желба за доминација.  


zeni=mazi-seks-rutina-fff.jpg

Најчестиот приговор кој жените го имаат за партнерите е тоа што за време на секс мислат само на себе и на своето задоволство. Партнерката многу често е онаа која останува со ’куси ракави’. Припадничките на понежниот пол исто така им пречи рутината која мажите ја повторуваат и недостатокот на фантазија кога се во прашање игрите во кревет.

Но, мажите имаат добар изговор, на нив им пречи тоа што жените се тие кои секогаш се брзаат, што имаат преголеми барања и сакаат да постигнат оргазам по секоја цена.

Без оглед на недостатокот на фантазија, и рутината која се повторува во голем број на спални соби, седум од девет мажи тврдат дека се одлични во кревет.

Истражувањето во кое се испитани повеќе од 3000 мажи и жени покажало како 67% од жените се жалат што нивните партнери немаат чувство за моментот, додека 72% од жените потврдиле дека би сакале да почувствуваат малку повеќе машка иницијатива кога е во прашање сексот. Тие тврдат дека ’поголемиот дел од работата во креветот мораат да ја извршуваат сами’.

Секој трет испитан маж потврдил дека неговата партнерка скоро секогаш го избегнува одењето во кревет, додека секој десетти маж признал дека долгогодишната девојка или сопруга повеќе не ја смета за привлечна.

Она што ја убива желбата кај мажите е лошо одбрана долна облека и памучни пижами, додека на жените најмногу им пречи кога мажите водат љубов со чорапи и очила за вид.

Истражувањето покажало дека жените се посигурни во себе, дури 31% од нив одговориле дека баш секогаш успеваат да го заведат својот сопруг, додека така размислуваат само 11% од мажите.


28 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут